Вилсон: САД да обезбеди прием на Македонија во НАТО семејството

Дејмон Вилсон, извршниот потпретседател на Атланскиот Совет на САД, во вчерашното сведочење пред Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат, повика САД да обезбедат прием на Македонија и на Црна Гора во НАТО.

- САД мора да им дадат нов поттик на интеграциските процеси, со тоа што ќе предводат процес за прием на Македонија и Црна Гора во НАТО и за отворање на НАТО МАП процесите за Босна и Грузија, изјави Вилсон, поранешен висок функционер во Советот за национална безбедност на САД и во кабинетот на генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон.

Главна тема на дискусијата во Сенатот беше организирањето на самитот во Вилниус на кој се очекува отворање на европската перспектива за држави како Украина, Грузија, Молдавија, Азербејџан, Ерменија и Белорусија. Американската помошничка државен секретар за Европа Викторија Нуланд изјави дека главното прашање во овој процес е дали Украина ќе успее до самитот, кој е предвиден на крајот на ноември, да изгласа судски реформи и да ја ослободи поранешната премиерка Јулија Тимошенко, од што ќе зависи дали Европската Унија ќе и понуди отворање на процесот за асоцијација.

15.11.2013 - 09:03
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега