Министерот Ивановски поканет да биде член на Независниот панел за иднината на Интернет соработката

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, доби покана од Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви, да биде член на Независниот панел за иднината на Интернет соработката.

Првиот состанок ќе биде одржан на 12 и 13 декември. Дел од настанот ќе бидат голем број познати имиња меѓу кои Мохамед ал Ганем, основач и генерален директор на ОАЕ Телекомуникациската регулаторна управа, Винт Церф, потпретседател на Google, Фади Чехаде, извршен директор и претседател на ICANN, Џими Велс, коосновач и промотор на Википедија, Торбјорн Јагланд, Генерален секретар на Советот на Европа и поранешен премиер и министер за надворешни работи на Норвешка, Мичел Бејкер од Фондацијата Мозила, Томас Илвес, претседател на Естонија и поранешен дипломат и новинар и многу други.

Учесниците ќе расправаат за развојот и глобализирањето на интернет просторот, како и на истражувањето на механизми за решавање на овие комплексни прашања, стои во соопштението од МИОА.

 

15.11.2013 - 11:28
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега