Преговорите меѓу Атина и „тројката“ за нова помош ќе траат до Божиќ

Преговорите меѓу Атина и „Тројката“  за деблокирање на следната  транша во износ од една милијарда евра  за Грција може да продолжат до Божик, изјавил извор од грчкото Министерство за финансии за странските медиуми.

-  Претпоставуваме дека преговорите ќе се одолжат, затоа што има уште многу нерешени прашања, изјави изворот кој побарал да остане анонимен. Сепак, тој одбил да појасни за кои прашања најмногу дискутираат двете страни.

„Тројката“ составена од претставници на ЕУ, ММФ и ЕЦБ и Атина се уште се немаат договорено за предвидениот финансиски јаз за 2014 година и мерките за негово пополнување. Изворот сепак нагласува дека доцнењето во доделувањето на следната транша „нема да влијае врз економијата на земјата“, јави дописникот на МИА од Атина

15.11.2013 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега