Бизнис потенцијалите на Македонија презентирани во Индијанополис
Владина делегација предводена од вицепремиерот Владимир Пешевски ги презентираше можностите за инвестирање на бизнис форум во Индијанаполис. Четириесетина претставници на компании од поширокиот регион на Индијанаполис слушнаа за поволните деловни услови што ги нуди Република Македонија.
Економскиот тим посети и две глобални компании кои произведуваат автомобилски компоненти, а на средбите беа презентирани инвестициските можности во автомобилскиот производствен сектор, како и успешните примери на интернационалните компании од оваа индустрија кои веќе имаат операции во Македонија.
Бизнис форумот беше организиран во партнерство со Стопанската комора на Индијанаполис, „Индѕ Цхамбер”, и Интернационалниот центар на Индијанаполис, а во економската владина делегација со вицепремиерот Пешевски се и министерот за странски инвестиции Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо, амбасадорот на Република Македонија во САД Зоран Јолевски, како и економскиот промотор Дејан Величков. Делегацијата продолжува со роудшоуто во понеделник, со бизнис форум во Милвоки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа