Македонскиот пејач 20 дена не е погребан, сестра му раскажа за голготата - го чуваат облечен во фрижидер
Како што е познато своевремено познатиот фолк пејачот Васил Атанасов пред 20 дена почина во Германија, каде што живееше околу две децении.
Васил Атанасов сите го паметиме како пејачот кој го испеа големиот македонски фолк хит „Кој не раздели“.
Веста за заминувањето од овој свет ја споделу на Фејсбук неговата сестра која го нарече најдобриот брат и вујко. Васил се упокои во Германија по долго боледување.
И по дваесетина дена од неговата смрт она што ги потресе сите вчера беше статусот кој го објави неговата сестра на неговиот профил на Фејсбук.
Таа имено сподели со што се соочуваат и дека поради финансии тој се уште не е испратен во вечниот дом.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа