Се празнува Св. Прохор Пчински: Од неговите мошти непрекинато истекува густо масло со убав мирис
Свети Прохор живееше во единаесеттиот век. Се подвизуваше се до својата смрт под една карпа во близина на реката Пчиња.
Заедно со свети Гаврил Лесновски и свети Јоаким Осоговски во Македонија ја продолжуваше исихастичката монашка традиција.
Грчкиот збор исихиа во буквален превод значи тихување, тишина, но во Црквата тој термин го доби значењето-молитвено тихување, т.е. собраност на сите човекови сили внатре во него, што се постигнува преку молитвата.
01.11.2021 - 16:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа