„Фејсбук“ и „Инстаграм“ дозволиле ширење на лажни вести за Ковид-19
Ширење на дезинформации за коронавирусот е овозможено на десетици профили на Фејсбук и Инстаграм, кои добиле околу 370.000 следбеници во текот на изминатата година, покажува новиот извештај на „ЊузГард“ (NewsGuard). Студијата, која следи дезинформации на Интернет, наведува 20 профили, страници и групи кои продолжуваат да шират теории на заговор и неточни тврдења за Ковид-19, но сè уште се на социјалните мрежи и добија десетици илјади нови следбеници.
Групите објавија дека вакцините против Ковид им штетат на децата и генерално не се безбедни, а многу од тие објави на социјалните мрежи не означуваа предупредувања за корисниците, објави „ЊузГард“. Во извештајот се наведува дека иако некои од овие страници имале ознаки генерирани од Фејсбук и пријавени дека содржат објави за Ковид-19, на корисниците не им било кажано дали тие информации се веродостојни.
Групата за мониторинг соопшти дека поднесува извештаи до Светската здравствена организација (СЗО) од септември 2020 година.
Алекс Кадиер, британски извршен директор на „ЊузГард“ (NewsGuard) и автор на извештајот, рече дека нивниот „извештај покажува дека, дури и кога постојано биле предупредувани, Фејсбук и Инстаграм не ги заштитиле своите корисници од дезинформациите за Ковид-19 и вакцината“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа