Македонија на дневен ред на заседанието на грчкиот Национален совет за надворешна политика

Прашањето за името најверојатно ќе биде една од точките на дневен ред на следното заседание на грчкиот Национален совет за надворешна политика.

Како што јавува МИА, министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос испрати писмо до грчкиот Парламент, во кое ја изрази неговата намера во блиска иднина да свика заседание на Националниот совет за надворешна политика. 

Венизелос ги демантираше гласините дека е формиран некој друг специјален комитет за справување со прашања во врска со Ексклузивната економска зона ( ЕЕЗ ) кој наводно се состои од високи претставници на Министерството за надворешни работи.

- Комитетот се состои од вработени во Министерството за надворешни работи , кои не се платени дополнително за нивното учество во комитетот. Тие се избрани врз основа на нивното искуство и научна обука, појасни тој, додавајќи дека надворешната политика на земјата не треба да се користи за промовирање популизам.

По писмото на Венизелос, дојде експресна реакција од Куик кој рече дека е збунет од неговата реторика затоа што во писмото употребил „веднаш“ и „во иднина“: - Се надевам дека ќе превладее „веднаш“. Повеќе нема воопшто време, со голед на тоа што вријат нашите најважни национални прашања – Кипар, името на Скопје, Тракија, предизвиците на Албанија, ЕЕЗ и слично“, нагласи Куик.

 

17.11.2013 - 13:44
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега