Дневен хороскоп: Расте самодовербата кај еден хороскопски знак

 

ОВЕН

Љубовта од работното место ќе ве збунува. Нема лесно да се поставите во таквата ситуација. Не ви е лесно зашто немате јасно поставен став. Креативните работи ќе се одвиваат без проблем. Промените што се случуваат на работното место ќе ги прифатите без двоумење. Издржете.

БИК

Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително. Имајте трпение. Незадоволните од работата , ќе се засилат за да ги менуваат работите. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро. Работете го она што го сакате.

БЛИЗНАЦИ

Веројатно денеска ќе бидете малку почувствителни од вообичаено, а поради слабите љубовни шанси , ќе се појават и фрустрации. Ќе бидете сигурни во сопствените резултати и ќе настојувате планот да го изведете до крај. Сепак , тоа ќе биде доста напорно. Ви треба кус одмор.

РАК

Може да очекувате уште еден ден со побогат друштвен живот , што ќе го поминете со кого вие сакате. Лесно ќе излегувате на крај со луѓето. Многумина во вас ќе препознаваат пример, а вие ќе бидете поотворени од вообичаено. Уривате рекорди.

ЛАВ

Денеска ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина. Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптеретени со работи. Не мора да се брзате.

ДЕВИЦА

Ќе играте на карта на заведување и на глумење еротика. Вистина е дека во тоа ќе имате стил , па и успехот е веројатен. Можните преговори околу едно спонзорство се приведуваат до крајот. Нема да го имате главниот збор , но ќе се договорите. Ќе имате пријатни сништа.

ВАГА

Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување, кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе. Ќе влијаете на настани, луѓе и работа повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат. Немојте да си го расипете карактерот.

ШКОРПИЈА

Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното , а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена. Вашите сојузници се засилуваат, а и вие со нив. Денеска станувате се посвесни за тоа, а вашата самодоверба расте. Не знаете до каде може да стигнете.

СТРЕЛЕЦ

Ќе се согласите на сите барања од саканата личност , зашто и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали , слатки грижи. Ќе покажете доза на попустливост во деловните договори. Би можеле да бидете малку построги за да постигнете поголема контрола. Ќе бидете фокусирани на други.

ЈАРЕЦ

Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати. Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да сиго дозволите. Некои имаат духовни искуства.

ВОДОЛИЈА

Ќе бегате во својот свет на сништата пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил. Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени, едноставно зашто се неспроведливи во реалните услови. Помирете се со реалноста.

РИБИ

 

Во комуникацијата со саканата личност, се поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет. Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед. Имате право кога ја негувате натуралноста.

12.11.2021 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега