На крајот на годинава ќе се гради ХЕЦ „Бошков Мост“
Реализацијата на градежните активности за изградба на ХЕЦ „Бошков Мост“ треба да почне кон крајот на годинава или на почетокот на наредната година, најави генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски по посетата на хидроелектраните Равен и Вруток.
- Минатиот месец ги добивме финансиските понуди за главната електромашинска опрема. Во тек е прибирањето на финансиските понуди за двата лота за изведување на градежните работи, кои треба да стигнат до крајот на јули годинава. Очекуваме кон крајот на третиот квртал да ги потпишеме договорите за изведување на работите и во зависност од теренските и подготвителните активности на компаниите кон крајот на годинава или на почетокот на наредната треба да почнат конретните градежни активности за изведба на проектот „Бошков Мост“, истакна Бошковски во одговор на новинарско прашање.
- Првичните податоци за еколошката студија укажуваат дека нема никакви проблеми... Водите кои ќе се зафатат со проектот „Луково Поле“ ќе имаат годишно производство од 156 гигават часови електрична енергија што е еднакво на годишното производство на ХЕЦ „Козјак“, рече Бошковски.
ФОТО: Утрински