Три жени го оплакуваа саканиот на Бекута - пејачката не сака да поверува што направила поранешната сопруга додека се спуштал ковчегот
Почесниот претседател на СПС и пратеник Милутин Мркоњиќ вчера беше погребан во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград. На вечното почивање го испрати неговата законска сопруга Драгана Даша Мркоњиќ, но и неговата партнерка Ана Бекута со која ја помина последната деценија од животот.
Законската сопруга на Мркоњиќ, Драгана Даша Мркоњиќ пристигнала на Новите гробишта точно во 15 часот, кога поворката тргнала кон гробното место, каде потоа бил положен ковчегот со телото на Мркоњиќ.
Откако беше спуштен ковчегот, Даша фрлила црвена роза внатре како последен подарок за него. Таа не присуствуваше на комеморацијата на нејзиниот сопруг, ниту на приемот каде и изразуваа сочувство на неговата партнерка Ана Бекута.
Даша беше во тажната поворка заедно со сестрата на Мркоњиќ, Нада, додека Бекута беше само чекор зад нив.
Даша и Ана во ниеден момент не комуницирале една со друга. По погребот, Бекута прва положила венец на гробот на својот сакан. Најшокантниот момент на погребот бил кога сестрата на Мрка, Нада, скршена од болка се приближила до ковчегот и го гушкала, додека министерот за образование Бранко Ружиќ ја држел цело време.
Инаку тој бил погребан без крст поради тоа што бил комунист.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа