Заев: Сите ќе ги тужам за корнишоните

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска истакна дека заедно со неговото семејство ќе се бори се додека не ја постигне својата цел, инспираторите на како што вели, безобразната агресија врз него и неговото семејство, не ја добијат заслужената казна.

- Превидвидлива е безобразната агресија врз мене и моето семејство. Не можат да поднесат што СДСМ ги обелоденуваме роднинско – партиската олигархија на досега недопирливиот Мијалков. Избезумени се од документите за неговово збогатување, и ги кријат документите за најблиските соработници и министри на Груевски. Милионските проневери за Скопје 2014 и другите спектакуларно најавувани проекти станаа ноќна мора за власта, изјави денеска лидерот на опозициската СДСМ.

 Исто така, Заев додаде и дека ВМРО се служи со дрска и злобна медиумска кампања против него: - Сајтовите-пиуни на ВМРО ќе бидат изнесени пред суд. Исто така пред суд ќе бидат и извесниот земјоделец Никола, претседател на некое земјоделско здружение, како и сите учесници во оваа нечиста и бедна кампања против мене ќе бидат изнесени пред суд за „скнавење“ на името Заеви. Јас сум непоправлив оптимист и верувам дека судската власт и покрај тортурата под која е ќе се охрабри и ќе ги води процесите под словото на законот“.

18.11.2013 - 12:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега