„Дали навистина мислеше дека нема да го забележиме ова?“ - детаљ од семејниот портрет поради кој цел свет му се смее на Дејвид Бекам
Бекамови објавиле прекрасен празничен портрет, но поради еден детаљ, главата на семејството стана предмет на исмејување.
И смешно и симпатично!
Дејвид Бекам стана нова тема во светските медиуми поради семејниот портрет кој стана вирален - поради него!
Поранешниот фудбалер (46) на Инстаграм споделил фотографија од празничната атмосфера со сопругата Викторија и нивните четири деца. Бекамови заедно застанале пред нивната новогодишна елка, а со оваа фотографија им посакале на фановите среќен Божиќ.
Додека Викторија блескала во зелена тоалета, Харпер била преслатка во својата комбинација, а момците од семејството биле елегантни во костуми.
Меѓутоа, еден детаљ на сите им паднал во око.
На прв поглед, Дејвид и Ромео изгледале како да се иста висина, но на изостреното око на фановите не им побегнал деталот дека Дејвид позирал на врвот на неговите прсти, за да биде исто висок како неговиот син.
Следбениците на Ромео исто така се насмеале со пораки како:
„Кога татко ти стои на прсти за да биде висок колку тебе“.
Во секој случај, Бекамови се многу симпатични, а Дејвид веројатно не можел ниту да претпостави колку ќе им падне во очи ова на луѓето.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа