Вучиќ и Брнабиќ ја започнаа Новата година со баварско пиво (ФОТО)
Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ го одбележаа првиот ден од Новата година со пиво во Белград на вода.
„Прекрасен ден во Белград на вода, а еднаш годишно, претпоставувам наместо лимонада или чај, дозволено е да се започнат нови победи со баварско пиво?! Среќна Нова Година на сите граѓани на Србија, здравје, радост и успех, посакуваме јас и Ана!“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
01.01.2022 - 14:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа