Што е „флурона“, случајот на зараза којшто официјално беше потврден во Хрватска - ова се најчестите симптоми?
Во Хрватска е потврден првиот случај на флурона. За разлика од некои тврдења кои се појавиле на социјалните мрежи, не станува збор за нов сој на коронавирус.
Што е флурона?
Имено, иако се шпекулирало дека флурона е нoва варијанта на Ковид-19, сепак не е.
Името го добил од комбинација на зборовите „корона“ и „флу“ што на англиски значи грип.
Првиот случај на флурона бил регистриран во Израел, а потоа и во Хрватска.
Заразената жена во Хрватска била невакцинирана против коронавирус и против грип, но имала само благи симптоми и била пуштена од болница во добра состојба.
Имено, кога во телото истовремено ќе се појават коронавирус и вирус грип, станува збор за болеста наречена флурона.
И грипот и Ковид-19 болеста се оние кои го погодуваат респираторниот систем и имаат слични симптоми.
Според податоците на СЗО, симптомите на грип и на ковид се различни од личност до личност, но постојат група исти симптоми кои се забележани кај заболените, пренесува „Business Insider“.
Станува збор за губење на сетилото за вкус и мирис, температура кашлица, отежнато дишење, губење на апетитот, постојана болка во градите.
Од СЗО велат дека благите симптоми на флурона можат да се лекуваат и дома и дека нема потреба од хоспитализација на лицето кое е заразено.
Но, постојат и потешки симптоми на флурона, а тие можат да вклучат и воспаление на белите дробови, миокардитис и воспаление на срцевиот мускул.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа