Нови началници и сектори во МВР

Со цел повисоко интегрирање и доближување на стандардите на европските полициски правила, МВР спроведе реорганизација и неколку кадровски промени на сите оперативни нивоа, пренесува Нова Македонија. 

- Новините се состојат во формирање шест сектори на оперативно ниво и девет на регионално ниво. Директорот на БЈБ добива шест помошници. Реорганизацијата има цел да ја зголеми безбедноста на граѓаните, а ги користевме начелата на ефикасноста и економичноста - изјави Митко Чавков, директор на БЈБ. 

За прв човек на скопската полиција е поставен Горанчо Савовски. Во СВР Струмица за нов началник е избран Ѓорѓи Божинов додека на Тетовската полиција Фахрудин Зенуни, човекот кој беше раководител на Единицата за брзо распоредување. 

Засега не е утврдена точната бројка на сменети полицајци, но истата се очекува да биде обелоденета деновиве. 

19.11.2013 - 13:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега