Таткото на Ѓоковиќ распали по австралиските власти: Исус го распнавте, а сега го распнувате и Новак
Целиот свет и твојата мајка Србија се со тебе во овие моменти, порача таткото на најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, во емотивното обраќање преку кое ги обвини властите во Австралија дека нецивилизирано и нехумано се однесуваат со неговиот син.
Срѓан Ѓоковиќ одржа прес-конференција и кон владата на Австралија упати погрдни зборови.
– И Исус го распнаа на крст, сè му правеа, ама тој преживеа. Сега истото му го прават и на син ми Новак. Треба да се засрамат. Шовинистичката влада на Австралија го држи во затвор Новак. Нашата гордост. Сакаат да го фрлат на колена и да го понижат. Но, тоа нема да им успее. Цел слободарски свет и мајка Србија е со Новак – рече Срѓан Ѓоковиќ.
На прес-конференцијата присуствуваше и братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ, кој ги обвини австралиските власти за нехуман третман кон неговиот брат.
– Ова е најголемиот спортско-политички скандал на сите времиња. Се однесуваат со Новак како со криминалец. Во првите 45 минути тој комуницираше со нас, а потоа му го одзедоа мобилниот телефон. Кога беше донесена одлуката за визата го спроведоа во сместувалиште за мигранти. Без ништо со себе. Местото е валкано – рече братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ.
И мајката на Новак се пожали дека нејзиниот син го држат во исклучително валкано место без основни услови за живот.
Голем број фанови се собраа пред хотелот „Парк“ во Мелбурн за да му дадат поддршка на Новак Ѓоковиќ, а како што објавуваат тамошните медиуми, на улиците во градот се забележани и годи сцени.
Поради тензиите кои се создадоа откако на светскиот тенисер број еден не му беше доволен влез во Австралија и учество на „Австралија Опен“, а тој одлуката по неговата жалба ја чека во хотел, дошло до судир меѓу демонстрантите и полицијата, при што се приведени две лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа