МАН: Изјавите на Заев се класичен обид за заплашување на новинарите

И Македонската асоцијација на новинари денеска ја осуди вчерашната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека сите ќе ги тужи за токсичните краставички.

- МАН смета дека ова е класична закана кон слободата на изразување и обид за заплашување на новинарите. Притоа го повикува раководството на партијата и претседателот, Заев да ги преиспита своите ставови. МАН, потсетува дека случајот, „корнишони со зголемено ниво на пестициди“, го објавија хрватските медиуми, врз основа на докази на тамошните инспекциски служби, стои во писмената реакција на МАН.

Од МАН додаваат и дека го повикуваат Зоран Заев, доколку има роблем со објавувањето на информации и со професионалниот пристап кон новинараството, благовремено да ја извести македонската јавност, кои се неговите ставови за независноста на медиумите и слободата на изразување, бидејќи манифестирањето јавна сила и закана дека ќе тужи секој и секого е карактеристика на едно друго, минато време.

19.11.2013 - 13:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега