Предадена и милионитата електронска здравствена картичка

По точно една година откако започна со спроведување проектот за емитување на електронска здравствена картичка, денеска во Скопје беше доделена и милионитата здрвствена картичка. Како што изјавува директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова, милионитата картичка е доделена на пензионерка од Скопје.

Директорката апелираше сите кои немаат поднесено барање за издавање на електронска здравствена картичка да го направат истото и потенцира дека само во последните два и пол месеци се поделени 400 илјади здравствени картички, додека останатите 600 илјади картички биле поделени во рок од десет месеци.

-Во моментов 200 илјади жители на Република Македонија немаат поднесено барање за електронска здравствена картичка и апелирам до сите кои тоа не го направиле да го направат што поскоро бидејќи крајниот рок за поднесување на барања е декември оваа година, рече Маја Парнарџиева-Змејкова.

СПоред податоците од директорката на ФЗОМ, над 80 % од граѓаните веќе имаат здравствени картички, меѓу кои се и градовите Берово, Кратово, Македонски Брод, Гевгелија и Крушево. Годишно ФЗОМ трошеше 10 милиони днеари само на печатење на сини картони, што значи исто толкава заштеда за Фондот, посочи Змејкова.

За електронска здравствена картичка, граѓаните можат слободно да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 33 222 или да испратат електронско писмо на [email protected].

19.11.2013 - 13:39
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега