Меланија Трамп го продава својот легендарен бел шешир - почетната цена е „вистинска ситница“

 

Некогашната прва дама на САД, Меланија Трамп, одлучила да продаде предмети кои со години биле во нејзина сопственост.

Меланија Трамп, сопругата на американскиот бизнисмен и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, на аукција ќе предаде три вредни предмети, соопштил нејзиниот ПР тим. 

Првиот од нив бил белиот шешир кој Меланија го носела во Белата куќа во 2018 година, на приемот кој Трамп и таа им го приредија на францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит.

Него го дизајнирал Ерв Пиер, личниот стилист на поранешната прва дама, за Меланија да има впечатлив аксесоар покрај белиот комплет од „Michael Kros“ составен од сако и здолниште чија цена изнесувала дури 2.195 долари.

Таа го потпишала шеширот, а почетната цена на аукцијата изнесувала 250.000 долари.

Интересно, понудите ќе бидат прифатени исклучително преку SOL, кој е облик на криптовалута, а ова е првпат некоја поранешна американска прва дама да се впушти во таква „авантура“.

Покрај шеширот, Меланија продава „неименувано дигитално уметничко дело“, како и акварел од уметникот Марк Антан Кулон.

Во соопштението е нагласено дека Меланија дел од приходите од продажбата од овие предмети ќе ги одвои за иницијативата која е дел од програмата „Be Best“ која Меланија ја основала додека била прва дама.

09.01.2022 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега