Најпознатата плус сајз манекенка на свет донесе близнаци: „Ќе си земам некое време за да закрепнам, едвај чекам да споделам со вас сè“
Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Грејам, вчера на свет донела две момчиња. Среќната вест ја сподели на Инстаграм, каде нагласи дека се породила во својот дом.
„Џастин и јас сме многу среќни што можеме да споделиме со вас дека нашите момчиња дојдоа на свет. Родени се рано утрово, дома. Среќни се и здрави“, напишала Ешли, која не ги откри имињата на синовите.
Иако се чувствува добро, додава дека во следниот период ќе се посвети на нејзино закрепнување и на семејството.
„Ќе си земам некое време за да закрепнам и да му се посветам на сопругот и на нашите три момчиња, но едвај чекам да споделам со вас сè“, напишала таа.
Ешли првиот син Исак на свет го донесе во јануари, 2020-та година, а кратко потоа на изненадување на сите, објави дека е повторно бремена.
Пред таа бременост, постојано потенцираше колку сака проширување на семејството.
„За време на доењето сосема 'случајно' се обидов да забременам, за да видам дали е возможно тоа“, се пошегувала таа, а кратко потоа нејзините желби се исполниле.
Манекенката на својот Инстаграм профил редовно водеше 'дневник за бременоста', објавувајќи голи фотографии каде гордо го покажува своето тело и труднички стомак.
Неодамна во една објава откри дека со бременоста стигнала до 40-та недела, што е реткост за близнаци.
„Терминот е само како некој предлог, бебињата ќе дојдат тогаш кога тие ќе бидат подготвени“, напиша тогаш Ешли.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа