„Македонија“ се појави во грчки учебник по историја

Во Грција се појави учебник во кој е напишано името "Македонија". Токму поради тоа, поранешниот префект на грчката област централна Македонија Панајотис Псомијадис, итно испратил писмо до премиерот Андонис Самарас со цел учебникот веднаш да биде повлечен од употреба.

Во учебникот „Историја на модерниот и современиот свет“ на 130. страница „останала мапата на која нашата земја „сосема произволно е претставена како Македонија“, пишува во писмото испратено до грчкиот премиер.

Тој потсетува дека присуството на оваа мапа уште во 2007 година предизвикала остри реакции „затоа што отвара задна врата за тврдењата на соседната земја“: - Тврдините паѓаат од внатре премиере. Тоа е благодарение на познатата во јавност, пропаганда на Скопје внатре во нашите граници... Во грчкото образование нема место за пропагандата на Скопје, пишува Псомијадис, а копија од писмото испратил и до министерот за образование.

19.11.2013 - 15:12
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега