Познатата блогерка со една фотографија успеа да ги „згрози“ мажите, а да ги насмее жените

 

Најпознатата шведска блогерка со својата смисла за хумор повторно ги руши предрасудите и покажува како изгледа реално телото на жената по нејзиното породување.

Кенза Зуитен, блогерка од Шведска која е венчана за црногорски каратист, пред само неколку денови со шеговита објава на Инстаграм ја подигнала свеста за синдромот кој е чест проблем по породување, а сега укажала на уште неколку компликации кои се појавуваат по породувањето.

Имено, Кенза објавила фотографија во бикини, а веднаш потоа зумирала еден дел од телото и искрено ги насмеала женските следбенички. За мажите оваа шега и не била толку смешна.

„Погодете која 'дупка' е оваа“, напишала Кенза и веднаш потоа открила дека станува збор за нејзиниот папок.

„Нормален папок по две породувања“, прокоментирала Кенза покрај фотографијата од растегнатата кожа на стомакот која се гледа само во одредени пози.

Шегата на страна, фигурата на Кенза по двете породувања секако дека е за пофалба, но дијастазата на стомакот е сосема честа појава и погодува поголем дел од жените по породувањето.

Што е дијастаза?

Дијастаза е состојба која најчесто се јавува во подоцнежната бременост или по породувањето, а настанува како последица на растегнување на стомачните мускули.

Во текот на бременоста стомакот трпи огромен притисок, така што одредени стомачни мускули повеќе не можат да го задржат својот облик. Освен тоа, за појавата на оваа состојба придонесуваат и хормонските промени кои имаат влијание на сврзното ткиво. Поради тоа доаѓа до развлекување на мускулите, состојба која стручно се нарекува дијастаза.

16.01.2022 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега