Боја која ќе ја одбележи 2022 година: Одлично ѝ прилега на секоја жена и зрачи со луксуз и елеганција
Оваа година ќе биде во знакот на нежните, но воедно и многу моќни бои, а една од нив ќе доминира во сите годишни сезони.
Како што велат модните експерти, виолетовата боја ќе биде хит во наредните месеци, а она што е добро кај неа е што одлично прилега на сите дами - без разлика дали сте русокоса, црнка, бринета, па дури и црвенокоса.
Во тренд ќе бидат сите парчиња во оваа боја, од панталони преку здолништа и фустани па сè до аксесоари. Ќе се носат сите нијанси, а на вас останува само да ја изберете онаа која ви е најомилена.
Веќе можеме да забележиме бројни трендсетерки во стајлинзи во кои виолетовата боја ја игра главната улога, а доколку не сте сигурни како најдобро да ја искомбинирате, погледнете ги фотографиите во продолжение:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа