Генијален трик за кремасти макарони со сирење: 1 состојка им дава посебна арома
Тестенините речиси на сите им се омилени поради тоа што лесно се подготвуваат, а се многу вкусни.
Најмногу се јадат макароните со сирење затоа што сите сакаат кога сирењето се развлекува кога ќе се стопи.
Досега сте ги приготвувале на различни начини, но ние ви откриваме тајна како тие да бидат уште повкусни.
Доколку додадете само малку сенф во макароните со сирење, ќе добиете совршен вкус. Сенфот не се чувствува претерано, но му дава посебна арома на јадењето.
Во продолжение прочитајте го еден од најдобрите рецепти за макарони со сирење. Уживајте!
Состојки:
- млеко;
- макарони;
- тврдо сирење по избор;
- малку сенф.
Подготовка:
- Во зовриено млеко сварете ги макароните, односно варете додека млекото не испари.
- Додадете рендано сирење, па оставете ги макароните на шпоретот уште неколку минути.
- На крај, додадете и малку сенф.
- Добро соединете ги состојките и вашето јадење е готово.
Пријатно јадење!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа