Симптоми на омикрон сојот кои можат да траат со месеци: Овие проблеми ги имале повеќе од половина заболени со сојот
Омикрон сојот на коронавирусот „владее“ со светот, а бројките на новозаразени лица постојано се зголемуваат.
Една работа на омикрон е заедничка со останатите соеви, а тоа се симптомите на т.н. долг ковид, односно симптоми кои можат да траат со месеци.
Физички симптоми на долг ковид
Иако поголем дел од луѓето десет дена по заразата со коронавирусот добиваат негативни резултати на тестот, има и такви кај кои ковид предизвикува долгорочни проблеми.
Сериозноста на таквите симптоми варира, а еве што досега заболените најмногу пријавувале:
- болка во зглобовите и слабост во мускулите;
- екстремен умор и недостаток на енергија;
- намалена подвижност;
- чувство на недостаток на воздух;
- зголемена слуз;
- помала концентрација;
- губење на апетитот и слабеење;
- проблеми со сетилата за мирис или вкус;
- стомачни проблеми, како дијареја, повраќање, воспаление на желудник;
- проблем со голтањето.
Ментални и емоционални проблеми
Долгата борба со коронавирусот не предизвикува само физички проблеми, туку и емоционални и ментални.
Некои од луѓето кои прележале коронавирус пријавувале дека вирусот влијаел на нивната ментална и емоционална состојба, а еве кои симптоми најчесто ги пријавувале:
- чести промени во расположението, депресија или анксиозност;
- кошмари;
- посстраумски стресен синдром;
- конфузија или делириум.
Доколку и по прележување на коронавирусот ги чувствувате симптомите, секако дека најдобро е да се обратите кај доктор за да ви објасни дали постои начин одредени симптоми да се ублажат.- проблеми со спиењето - најчесто се појавуваат кај оние кои лежеле во болница затоа што тешко е да се спие во ковид одделенијата;
- проблеми со менталните способности - заборавеност или неможност јасно да мислат;
- чести промени во расположението, депресија или анксиозност;
- кошмари;
- посстраумски стресен синдром;
- конфузија или делириум.
Доколку и по прележување на коронавирусот ги чувствувате симптомите, секако дека најдобро е да се обратите кај доктор за да ви објасни дали постои начин одредени симптоми да се ублажат..
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа