Беше првиот супермодел, но поради пластичните операции сега е како друга личност - денес е позната и по своите злобни коментари
Џенис Дикинсон, некогаш беше познат супермодел, а денес изгледа непрепознатливо поради многуте пластични операции.
Дикинсон влезе во светот на славните поради успешната манекенска кариера и често ја нарекуваат првиот супермодел во светот.
66-годишната жена зад себе има завидна кариера.
Со текот на времето, со интензивното користење на ботокс и пластичните операции на телото, таа сакала да го запре стареењето, но во тоа не успеала, па денес изгледа како сосема поинаква личност во споредба со фотографиите од почетокот на кариерата.
View this post on Instagram
Низ годините Дикинсон имала десетици пластични операции, но и покрај тоа, манекенката истакнува дека неизмерно го сака своето тело.
Отсекогаш била многу отворена за пластичните операции, а во многу интервјуа открива дека го затегнала лицето, ги оперирала градите, го стегнала стомакот, правела липосукција и ботокс.
Таа денес е позната главно по своите испади во јавноста и злобните коментари за нејзините колешки.
Таа беше во врска со многу познати личности, меѓу кои Лијам Нисон, Силвестер Сталоне, Брус Вилс, но и со Мик Џегер.
Манекенката има четири брака позади себе и две деца. Пред десет години, во 2012-та година, таа се омажи за психијатарот Роберт Гернер.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа