Му соопштила на момчето дека е бремена, неговата реакција е урнебесна: Видеото го погледнале повеќе од 30 милиони луѓе
Хана Алексис Грејс споделила видео на ТикТок во кое ја објавила реакцијата на своето момче на веста за тоа дека е бремена. Неговата реакција насмеала многумина.
Тиктокерката од Велика Британија напишала во пораката дека знае зошто се чувствува лошо и му испратила фотографија од позитивен тест за бременост на својот партнер Чарли.
„Се шегуваш“, одговорил тој, а таа му вратила дека „не е шега и дека буквално се тресе“.
Потоа Чарли ја прашал дали кажала на уште некого, а таа ги навела своите две пријателки. Хана била изненадена од неговото прашање, но набрзо сфатила за што станува збор.
Потполно несвесно за ситуацијата, нејзиното момче ѝ напишало да не паничи и дека двајцата ќе мора да бидат 10 дена во изолација бидејќи наместо тест за бременост, Чарли помислил дека неговата девојка е позитивна на коронавирус.
Видеото за кратко време стана хит на ТикТок, а досега го погледнале повеќе од 30 милиони луѓе.
@hannahalexisgrace #fyp #CloseYourRings #fyp original sound - Hannah Alexis Grace
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа