Грција останува во рецесија и догодина
Организацијата за економска соработка и развој објави нови прогнози за Грција, според кои земјата останува во рецесија и догодина, а нејзината економија ќе се врати во раст во 2015 година.
Според извештајот на инфлацијата во Грција во 2013 година, 2014 и 2015 година ќе биде негативна, односно таа ќе биде соодветна со -0,7 отсто, -1,6 отсто и -1,4 отсто.
Според Организацијата невработеноста во Грција ќе остане на високо ниво. Аналитичарите советуваат дека фискалното заздравување на Грција ќе мора да продолжи заради високото ниво на долгот на земјата. Организацијата предупредува дека ако растот е помал од очекуваниот, ќе треба да се активираат стабилизирачките фактори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа