СДСМ демантира: Не сме се тепале поради Весна Бендеска

Во интерес на објективното информирање на јавноста најостро ги осудуваме синоќешните дезинформации објавени на веб порталот Прес 24, кои се однесуваа на наводни притисоци, закани и несогласувања во СДСМ Битола

Овој чин го сметаме за класично ширење на лаги и дезинформации, произлезени од спин кујните на ВМРО ДПМНЕ, a со цел дискредитирање на демократските избори во СДСМ. Синоќа на состанокот на Извршниот Одбор, во мирна и демократска атмосфера, беа избрани предлог кандидатите од ОО СДСМ Битола, за членови на Централниот Одбор на СДСМ. Во интерес на вистината го повикуваме веб порталот Прес24 да го објавви нашиот демант. Во спротивно нашата правда ќе ја бараме по законски пат

(Интегрален текст од демант на СДСМ на текст на Пресс24)

најчитано сега