Канје Вест ѝ испрати на Ким Кардашијан камион со црвени рози за Денот на вљубените

 

По разделбата со Џулија Фокс, Канје Вест испрати камион црвени рози на поранешната сопруга Ким Кардашијан за Денот на вљубените.

44-годишниот рапер, кој минатата година се раздели од ѕвездата на реалити-серијалот „Дружење со смејството Кардашијан“ по седум години брак, сподели фотографија од камионот со натпис за неговата „визија“.

„Мојата визија е кристално јасна“ пишува на возилото што го достави директно во домот на Ким.

Фотографиите на неговиот Инстаграм-профил беа споделени само неколку часа откако беше потврдено дека Канје повеќе не е со ѕвездата на Uncut Gems, Џулија Фокс (32), со која беше во врска од јануари.

Претставник на актерката изјави за „Е! Вести“: „Џулија и Канје остануваат добри пријатели и соработници, но веќе не се заедно“.

Во објавата на Инстаграм, Канје напиша: „Јас немам караници со Ким. Јас го сакам моето семејство, затоа престанете со наративот дека се откажувам од семејството. Верувам дека повторно ќе бидеме заедно.“

МАКФАКС

15.02.2022 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега