Ѓоковиќ за депортацијата од Австралија: „Ова е вистинската причина поради која ме исфрлија од земјата!“
Во интервју за „BBC“, првиот рекет на светот јасно порача дека не е антиваксер и дека нема ништо против вакцините, а откри и поради што бил депортиран од Австралија пред почетокот на првиот гренд слем во новата сезона.
Новак, прво го коментирал тоа дека во вистинско време се заразил со коронавирусот (кон средината на месец декември) и дека и без вакцина можел да влезе во Австралија, односно дека добил медицинско изземање.
„Разбирам дека има многу критики и разбирам дека луѓето излегуваат со различни теории за тоа колку среќа сум имал или колку сето тоа било убаво. Но, никој не е среќен кога ќе се зарази со коронавирусот.
Милиони луѓе умираат и се борат со тоа низ светот. Затоа, ова го сфаќам за многу сериозно и не ми се допаѓа што некои мислат дека нешто сум злоупотребил за да добијам позитивен ПЦР тест и да одам во Австралија“, изјавил Ѓоковиќ кој категорично ги одбил сомнежите дека неговите тестови не биле точни.
Неговото барање за медицинско изземање било поднесено анонимно, а го прифатиле од Австралија. Меѓутоа, постоела посебна патна декларација во која имало грешка.
„Бев навистина тажен и разочаран од начинот на кој сето тоа заврши за мене во Австралија. Апсолутно, грешката во визната декларација не беше намерно направена. Тоа го прифатија и потврдија од Сојузниот суд како и самиот министер во Министерството за имиграција на Австралија.
Значи, тоа што луѓето веројатно не го знаат е дека не сум депортиран од Австралија врз основа на тоа што не сум вакциниран или пак сум прекршил некои правила или, сум направил грешка во својата визна декларација.
Сето тоа всушност беше одобрено и потврдено од страна на Сојузниот суд на Австралија и министерот за имиграција. Причината што бев депортиран од Австралија е тоа што министерот за имиграција го искористи своето дискрециско право да ми ја поништи визата на основа на своите перцепции, дека би можел да создадам некое антиваксерско чувство во земјата или градот, со што целосно не се согласувам“, порачал Ѓоковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа