Српската пејачка за драмата низ кој помина: „Не можам да најдам пристоен збор за да опишам како се чувствував тогаш“

 

Наташа Беквалац позади себе остави многу тежок период од животот. Во борбата која долго време ја водеше сама со себе, после насилството кое го претрпела од поранешниот сопруг, не сакаше јавно да говори за тоа.

Посветена на ќерките Хана и Катја, таа давала сè од себе за да ги постави работите на свое место и успеала во тоа.

Првпат после речиси четири години од стравичниот настан, Наташа одлучила со јавноста да сподели мал дел од пеколот низ кој поминувала.

„Сè беше многу брзо. Не се каам, затоа што ја добив Катја. Пред некој ден прочитав како настанува бисер. Кога нешто ќе ја нападне школката, неа тоа многу боли, а за да ја ублажи болката, ја прави таа структура - а тоа е бисер. Колку повеќе бисери има во школката, толку повеќе болка доживеала, а тоа е највредното нешто. Тоа е симболична приказна, бидејќи и јас од нешто што најмногу ме повреди на најмизерен начин, дојдов до нешто што ми е од најголема вредност и затоа не можам, а да не бидам благодарна“, вели пејачката.

Во таа врска Беквалац поминала низ физичко насилство.

„Така е, не можам да кажам дека не е така. Одлучив да не зборувам за медиумите, бидејќи не сум должна да кажам ништо, особено затоа што бев во најчувствителниот период. Бев тазе породена, бев многу чувствителна. Тоа беше период кога не ме интересираше што ќе каже јавноста, почнав да ја водам мојата борба, многу стресна и многу тешка, но неопходна за мене бидејќи тоа беше мое дете. Не ми беше грижа што зборуваат луѓето, а зборуваа навистина лоши работи“, истакнува Наташа.

„Не можам да најдам пристоен збор за да опишам како се чувствував тогаш, како да не вредев, навистина ужасно. Не би го посакала тоа на ниту едно суштество на планетава, презирам секакво вознемирување. Не сакам да зборувам за тоа, ниту пак сакам да го прераскажувам, не би му давала значење на тоа. Би дала сè на светот за да ги имам сите други видови на внимание, а да не е ова. Дали се извини, дали го гледа детето... Со таа личност немам контакт три години и тоа е целата вистина“, открива Беквалац во емисијата „Премиера – Викенд Специјал“ и заклучува:

„Никогаш повеќе не би се венчала, сметам дека покажав дека го умеам и тоа - дури трипати, но мислам дека повеќе нема поента. Јас барам нешто повеќе од тоа. Моите критериуми секојдневно растат, но не затоа што се сметам себеси за дива и недопирлива, туку не сакам ништо просечно, бидејќи ниту јас не сум просечна“.

15.02.2022 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега