Ѓоковиќ: Подготвен сум да ја платам цената и да ги ставам принципите пред трофеите!
Новак Ѓоковиќ не настапи на Австралија Опен после цела драма која ја преживеа во Мелбурн и немаше можност да ја брани титулата на првиот грен слем во годината, но тоа е можно да му се случи и на двата наредни големи турнири кои ги освои минатата година.
Србинот беше најдобар во Париз на Френч Опен и на Вимблдон во Лондон, но бидејќи и двата турнири навреме најавија дека ќе играат само вакцинирани тенисери, станува јасно дека светскиот рекет број еден ќе мора да се имунизира со Ковид вакцина доколку сака да настапи на овогодинешните изданија.
После повеќе од еден месец пауза, Новак го прекина молкот и одработи ексклузивно интервју за „Би-Би-Си“, во кое интересно порача дека е подготвен да ја плати цената и да не игра на Ролан Гарос и Вимблдон, бидејќи за него принципите се поважни од трофеите кои може да ги освои.
– Да, подготвен сум да ја платам цената и да не играм на Ролан Гарос и Вимблдон. Никогаш не сум бил против вакцинација, имам примено вакцини како дете, но секогаш ја поддржувам слободата на избор, да изберете што ставате во своето тело.
– Принципите јас да одлучувам што ќе ставам во моето тело ми се поважни од било која титула и било кој турнир. Сфаќам дека има многу критики и знам дека луѓето излегуваат со најразлични теории за мене. Знам дека милиони луѓе уште се борат со вирусот и ја сфаќам сериозноста на ситуацијата. Колективно се обидуваме да најдеме најдобро решение за крај на пандемијата. Никогаш не сум бил против вакцини, се надевам дека ова наскоро ќе заврши, – вели Ѓоковиќ кој откри и зошто точно бил депортиран од Австралија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа