Цел свет гледаше во нејзините голи гради, продолжи да танцува и остана без злато - сега сето тоа го „наплати“ со светски рекорд
Француската лизгачка ја „поправи“ непријатната ситуација од минатите Зимски олимписки игри, па освои златен медал.
Габриела Пападакис, заедно со својот партнер Гијом Сизерон, го сруши светскиот рекорд во уметничко лизгање со што секако освоија златен медал.
Тие, како пар, четири пати биле светски прваци и пет пати европски шампиони, а во Пекинг го срушиле сопствениот рекорд од 2019 година, а на тој начин ја исправија неправдата од Пјонгчанг од пред четири години, кога златото им „побегна“ само поради тоа што на Габриела во еден момент во текот на перформансот ѝ се видоа голите гради.
И покрај тоа што беа најголеми фаворити, поради проблемот со опремата добиле негативни поени и завршиле на второто место.
„Тоа е фрустрирачки. Не сме ние виновни за опремата. Веднаш почувствував што се случи. Тоа е најголемиот кошмар на Зимските олимписки игри“, изјавила Габриела тогаш.
Сега, тие успеале да ја „поправат“ неправдата заземајќи го првото место на овогодишните Зимски олимписки игри, а второто место го освоија актуелните прваци на светот Викторија Синицина и Никита Кацалапов од Руија, додека пак бронзениот медал замина во рацете на американскиот пар Медисон Хубели и Захари Донуха.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа