Дневен хороскоп: Еден знак го очекува љубовна романса

 

ОВЕН

Фокусот на овој работен ден е трпението. Некои плаќања во готовина може да бидат одложени, а тоа може да ги наруши вашите претходни планови. Ве очекува интересно патување и многу романтичен состанок со партнерот. Слободниот Овен може да запознае една неодолива Вага. Главоболка.

БИК

Ви претстои важен состанок на кој ќе треба да донесете важни одлуки. Финансиска добивка. Хармоничен период и дополнително зближување со партнерот. Слободните бикови можат да запознаат интересна личност на патување. Проблеми со варење.

БЛИЗНАЦИ

Денес планетите се на ваша страна. Ќе можете да работите повеќе работа во исто време. Слободните Близнаци ги очекува љубовна романса на патување. Нема да одолеете на шармот на една Вага. Нервоза и стрес.

РАК

Ретроградните планети можат да ви донесат одложувања и доцнења во реализацијата на важните работи. Сепак, важно е да се биде трпелив. Усогласување и зближување во односот со партнерот. Нервоза.

ЛАВ

Чувајте ги вашите деловни тајни и не ги давајте на вашите најдобри пријатели. Конкуренцијата се обидува да ве загрози. Запознавањето со нова личност може да ви донесе непредвидливи ситуации. Нова авантура. Зголемен стрес.

ДЕВИЦА

Неочекуваните трошоци можат да ви направат проблеми. Бидете внимателни со новите деловни соработници. Планетите ве поддржуваат повторно да воспоставите хармоничен однос со партнерот. Добро здравје.

ВАГА

Сте стекнале одлични познанства кои ќе ви помогнат да најдете нова работа. Планетите даваат поддршка за сите оние кои се занимаваат со приватен бизнис. Во искушение сте да влезете во тајна врска. Бидете внимателни, ситуацијата може да биде деликатна. Несоница и нервоза.

ШКОРПИЈА

Фокусирајте се на клучниот дел од работата. Важно е да ги почитувате вашите приоритети и да воспоставите одлична комуникација со колегите. Ве привлекува личност која не е слободна. Сепак, внимавајте да не влезете во комплицирани врски. Нервоза.

СТРЕЛЕЦ

И покрај големиот број на ретроградни планети, поволните аспекти на вашиот владетел Јупитер ќе ви донесат напредок во соработката со странство. Се наоѓате во период на судбоносна љубов. Можна е љубов на прв поглед со еден Лав. Чувствителност на грлото.

ЈАРЕЦ

Овој ден акцентот е ставен на финансиите. Може да настанат проблеми околу доцнењето на плаќањата или некои долгови и заеми. Кавгите со партнерот можат да ве исфрлат од рамнотежа. Потребен е компромис. Добро здравје.

ВОДОЛИЈА

Проширувањето на кругот на деловни соработници и нови познанства ќе создаде нови кариерни перспективи. Слободната Водолија може да запознае многу интересна личност во знакот Вага или Близнаци. Љубов на прв поглед. Нервоза и зголемен стрес.

РИБИ

Овој ден ќе биде интересен бидејќи ќе дојдете во ситуација да завршите со работа на некој голем проект. Финансиска стабилизација. Враќањето на комуникацијата со поранешниот партнер може да ви донесе дилема дали да ја продолжите приказната со таа личност. Проблеми со стомакот.

19.02.2022 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега