Родител на дете од МЗТ тргна да тепа млад кошаркар на Работнички среде натпревар (ВИДЕО)
Срамен инцидент се случи на дуелот од кошаркарската М14 лига, пресметка меѓу „вечните ривали“ Работнички и МЗТ Скопје, откако родител на еден од гостинските играчи се симна на терен и се обиде физички да нападне дете од таборот на „центарци“.
На инцидентот претходеше мал конфликт меѓу кошаркарите на двата тима, но шокот настана кога неодговорниот родител ја прескокна оградата во салата „Градски Парк“ и тргна кон детето на Работнички, пренесува „Екипа.мк“.
Следеше и кратка физичка пресметка со едно од присутните лица на паркетот, по што настана хаос, пред состојбата конечно да се смири.
„На денешниот натпревар каде што нашите најмлади кошаркари остварија убедлива победа,имаше немили сцени.Каде што родители од спротивната страна (мзт скопје) се обидоа физички да нападнат малолетно дете, кошаркар од тимот на РАБОТНИЧКИ. Пред се ова е срам за кошарката, особено кога во прашање е натпреварување на малолетни деца до 14 години. Нашиот став и мислење е дека вакви непосакувани настани не треба да поминат неказнети и се надеваме дека надлежните органи ќе превземат соодветни мерки“, објави КК Работнички, крај видеото од овој немил настан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа