Тодоров: Затвор за лекарите кои прикажуваат лажни податоци за дадените услуги

По завршувањето на првото тромесечие откако се воведе плаќањето по учинок за лекарите, извршен е првиот инспекциски увид од страна на Министерството за здравство во Градската општа болница 8-ми Септември.

- Беа извршени инспекции на Офталмологија, Неврологија, Психијатрија, Патологија, Ортопедија, ОРЛ и Хирургија, беа констатирани сериозни дискрепанци во внесените податоци, односно има сериозно несовпаѓање во реално извршените медицински услуги и медицинските услуги кои се внесени во системот, изјави денеска околу инспекциите министерот за здравство, Никола Тодоров.

- Платата за април мора да се исплати до 15-ти мај, имајќи го предвид ова, апелирам уште еднаш сите лекари да ги коригираат неточно внесените податоци и да внесат податоци кои соодветствуваат со реално дадените услуги. Сериозни консеквенции ќе предизвикаат контролите на 16-ти, по исплаќање на платата, до моментот пред да се исплати платата нема финансиска штета по однос на институциите, додаде тој.

Инаку, до тоа да се направи инспекциска контрола во болницата дошло откако некои  лекари реагирале до министерството и се пожалиле дека нивните колеги внесуваат нереални податоци за кои потоа се наградувани.

Па така, Клиниката за офтамологија во ГОБ „8-ми Септември“, специјалист навел во системот дека последните три месеци извршил 120 услуги, а реалната бројка на интервенции кои ги извршил била 76, потоа на Клиниката за Оториноларингологија, лекар пријавил дека извршил 153 интервенции, а реално извршил 76...

најчитано сега