Атланта го совлада Детроит, Антиќ на клупата

 

 

Атланта ја постигна седмата победа во 12. тиот натпревар. Ноќеска на домашен терен беше совладан Детроит со 93:85 (15:13; 28:33;  23:18 и 27:21).  Ова е првпат оваа сезона Атланта да победи на еден натпревар, а да постигне помалку од 100 поени. Нашиот Перо Антиќ по солидниот настап против шампионот Мајами претходната вечер, на овој дуел не доби шанса да се појави на теренот.

Во слабата по реализација прва четвртина (двете екипи), гостите на полувремето водеа со 46:43, но во вториот дел Атланта постигна 50 поени, а прими 39 што беше доволно за триумф.

Во редовите на Атланта најефикасен беше Пол Милсап со 19 поени (го пропушти дуелот со Мајами), а ДеМар Керол го забележа првиот „дабл-дабл“ учинок 11 поени и рекордни 12 скока. Кај Детроит најефикасен беше Брендон Џенкинс со 21 поен.

И следниот натпревар Атланта го игра против Детроит, но на гостински терен во петок.

 

21.11.2013 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега