Премиер лигата ги прекинува преносите на натпревари во Русија

 

Премиер лигата објави прекин на преноси на натпревари во Русија. Премиерлигашите и клубовите едногласно се согласија да го прекинат договорот со операторот „Око“ кој ги поседуваше правата за преносите.

Покрај тоа, најсилната фудбалска лига во Англија објави дека ќе донира милион фунти за поддршка на народот на Украина.

Претходно беше објавено дека Премиер лигата заработува околу 6 милиони фунти годишно од пренос на натпревари во Русија.

Исто така, Фудбалската асоцијација на Англија, под чие покровителство се одржуваат натпреварите од ФА Купот, одби да емитува преноси во Русија. Овој турнир кој го пренесуваше ТВ „Матч“.

08.03.2022 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега