Го отпуштиле зашто спиел на работа: Му била мала платата, па се сетил како да стане ѕвезда на Јутјуб (ВИДЕО)
Чибузор Ејимофор од Сиетл на социјалните мрежи се претставува како Сајмон Џексон и стана ѕвезда преку ноќ затоа што реши да се пресели во канцеларијата на компанијата за која работел без да ги извести газдите.
Џексон објави видео на 8 март кое беше гледано од дури 12 милиони луѓе, а како што кажа, на ваков потег се решил поради револт затоа што му дале мала плата. И додека на социјалните мрежи бил популарен, сепак добил отказ од консултантската фирма за дизајн.
Во својата прва снимка „Погледнете го мојот нов стан“, ова 28-годишно момче се сними себеси како ги мести работите во неговиот нов „дом“.
„Се селам од стан во својата кабина на работа. Не ме плаќаат доволно да работам и затоа во знак на протест ќе спијам тука, па ќе видиме колку ќе издржам“, кажа Џексон пред да добие отказ.
Check out my new apt
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа