Мило Ѓукановиќ најави три милијарди евра инвестиции во Црна Гора
Црногорскиот премиер , Мило Ѓукановиќ најави денеска инвестиции од три милијарди евра пред се во црногорскиот туризам и како што наведе тоа ќе придонесе за отворање нови работни места.
Тој додаде дека Владата спроведува низа мерки за да се зголеми бројот на вработените, а една од нив е унапредување на бизнис амбиентот што треба да привлече странски инвеститори.
– Очекуваме дека инвестициите во следникот период пред се во туризмот, ќе бидат околу три милијарди евра, што ќе придонесе за отворање нови работни места, потенцира Ѓукановиќ во Парламентот.
21.11.2013 - 16:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа