Роналдо: За мене натпреварот против Македонија е на „живот или смрт“
Најголемата португалска ѕвезда Кристијано Роналдо вечерва со неговите сонародници ќе заигра против Македонија во мечот за пласман на Мундијалот во Катар.
Роналдо сака да се пласира на Светското првенство во Катар кое може да му биде и последно во кариерата, со оглед на тоа дека во моментов има 37 години.
„Сакаме пекол на ‘Драгао’ од навивачите. Треба да ја покажеме нашата страст, сила и обединување во намерата да избориме место на Мундијалот. За нас оваа игра е прашање на живот или смрт. Имаме одговорност кон навивачите да победиме во овој натпревар против Македонија“, кажа Роналдо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа