Папа: Зошто сите лоши работи им се случуваат на добрите луѓе?

Папата  изјавил дека дури и тој си го поставува прашањето зошто лошите работи им се случуваат на добрите луѓе, како што се жртвите од тајфунот кој што неодамни ги погоди Филипините. 
 
„Се прашувам зошто тие работи им се случуваат на добрите луѓе, но објаснување за тоа нема“, рекол папата по состанокот со бискупот од Манила, Луси Антониот Тагле. 
 
Во ова време на страдање, рекол папата, постојано си го поставуваме тоа прашање, а потоа само ни е потребен благослов од Бога, пренесува италјанската агенција АНСА. 
 
Пред две недели Филипините  беа погодени од најголемиот  тајфун во историјата на земјата, во кој што загинаа над 4.000 лица. 
22.11.2013 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега