Скопјани спремајте се: Утре повеќе општини ем без вода, ем без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје соопштува дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе бидат скопските општини Бутел, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Центар, Карпош.
Како што информираат оттаму, од 11:30 до 12:30 часот, Граничен премин и Терминал „Блаце“, село Блаце и Караула „Блаце“., од 09 до 14 часот, дел од улица „Румена Хаџипанзова“ бр. 16 и 18 од 08 до 15 часот, дел од село Ракотинци, од 09:50 до 12 часот, населба Катланово, Кочкова Населба, Катлановска бања, Месна Река и село Градманци, од 09 до 15 часот, дел од улица „Тетовска“ од 08:30 до 15 часот, корисниците од Булевар „Партизански Одреди“, подулици 4 и 10, во близина на мост Обединети Нации.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопштува и дека утре поради отстранување дефект на водоводен затварач, шибер со пречник од Ф 80 мм на улица „Прохор Пчински“ 7, од 09 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците самата улица и улица „Самоилова“.
Исто така поради отранување дефект на водоводен затварач (шибер) со пречник одФ150мм, на улица Питу Гули 6 до Американската резиденција, од 08:30 часот до отстранување на на дефектот со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците: „Питу Гули“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Капиштец“, „Димитар Пандилов“ и делови од улица „Загрепска“ и улица „Леринска“. Во посочениот период за населението ќе биде обезбедена цистерна со питка вода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа