Неколку скопски улици останаа без вода
Поради уличен дефект ф 6/4“ на ул. „Ристо Шишков“ бр.34 раскрсница со ул. „Борка Талевски“, попладнево прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од Влада до Фонтана парк и потегот од бул.„Илинден“ до Градски Стадион.
Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 17:50 часот до санирање на дефектот.
Во моментов се работи на санирање на дефектот.
11.04.2022 - 18:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа