Детската болница „Козле“ доби амбулантно возило како донација
Амбулантно возило доби Детската болница „Козле“. Станува збор за донација од Цементарница УСЈЕ.
– Со задоволство помагаме таму каде е најпотребно, а меѓу тие области е и здравството. Веруваме дека со оваа најнова донација ќе помогнеме најмладите пациенти да добијат навремена здравствена услуга во оваа многу значајна болница во нашиот здравствен систем, истакна техничкиот директор на компанијата, Гоце Цветковски.
Ова не е прва донација на компанијата за Детската болница Козле. Со средства од вработените и компанијата претходно беше набавен и апарат за спирометрија, кој од страна на болницата беше посочен како приоритетен за ефикасноста на одделот за рана дијагностика на репираторните заболувања кај децата.
– Најновата донација не е прва, а уверен сум дека нема да биде ниту последна која УЈСЕ ја обезбедува за нашата болница. Оваа компанија уште еднаш покажа дека има вистински сенс за потребите на здравството и се издвојува како пример и за останатите чинители во општеството за тоа како треба да се размислува и делува за доброто на целата заедница, изјави медицинскиот директор на Детската болница „Козле“, Бесник Зеќири и се заблагодари за грижата и поддршката од компанијата.
За време на пандемијата предизвикана од Ковид-19 УСЈЕ донираше и медицинска опрема и апарати во повеќе јавни здравствени установи во земјава во вредност од над 100.000 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа