Бошковски: Шансите за победа против Металург се 50:50

 

Натпреварот  со Металург може да биде решен со само еден потег. Шансите за победа се 50-50.

„Секој натпревар кој го играме со Металург си има своја тежина, но ние во овој случај имаме мала психолошка предност поради триумфот на првиот меч“, изјави тренерот на Вардар Андон Бошковски, во пресрет на вториот меч кој црвено-црните ќе го играат со Металург во рамки на дуелот од Лигата на шампиони. 

Бошковски од ракометарите очекува подобро издание од првиот натпревар. Сепак стратегот на Вардарци се соочува со проблеми во составот во кој со сигурност нема да настапи Алексеј Растворцев за кого се прогнозира дека сезоната е завршена поради повредата на рамото. 

На негово место ќе настапи Мите Стоилов додека на позицијата лев бек ќе изротира Филип Лазаров. 

Натпреварот Вардар – Металург ќе се одигра в недела од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Табела Ц група: Барселона 9 бодови, Вардар 6, Металург 6, ПСЖ 5, Динамо Минск 4, Тун 0.

22.11.2013 - 13:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега