Обвинети поранешни припадници на Југословенската армија за воени злосторства врз албански цивили

 

Обвинителството за воени злосторства денеска покрена обвинение против тројца поранешни припадници на Југословенската армија од Пеќ, под сомнение дека извршиле воени злосторства врз албански цивили во селото Љубениќ на 1 април 1999 година.

Обвинети се сегашниот припадник на Полицијата Владан Крстовиќ познат како „Џуџа“, возачот Лазар Павловиќ познат како „Лазо“ и Милан Ивановиќ, познат како „Мицко“.

Групата е обвинета дека со припадниците на Водот за интервенции при 177. Воено-територијален одред против кои во тек е судење за случајот „Чушка“, убиле најмалку 46 цивили, а 11 се тешко повредени.

22.11.2013 - 16:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега