Запленети 347 килограми марихуана во Драч

 

Албанската полиција спорведе две големи полициски акции. Во првата акција биле запленети 49 килограми марихуана кои се обидел за Италија да ги прошверцува 39- годишниот Гуерино Фестучи од Рим. Тој требало за Италија да замине со траектот „Клаудија“ кој собраќал на релација Драч-Бари, но бил откриен и заработил кривина пријава „за недозволена трговија со наркотични средства“.

Под истото обвинение се упасни се 22- годишниот  Абдул Качача и 24- годишниот Лезерим Прифти од Драч. При контрола на автомобилот сопственост на Качача биле пронајдени 51 килограм марихуана, кои требало да завршат на италијанскиот нарко пазар.

Синоќа грчката полиција уапси тројца Албанци кои се обиделе да прошверцуваат 347 килограми марихуана. Акцијата била реализирана во близина на Игуменица, кусо откако илегално дрогата била внесена од албанска на грчка територија

22.11.2013 - 16:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега